Што претставува ласерското отстранување на капилари?
Ласерското отстранување на капилари е безбедна и ефикасна неинвазивна метода со која се отстрануваат нефункционалните и непожелни капилари од било кој дел од телото, најчесто поради естетски причини. Прекумерното изложување на сонце, користење на солариум, генетската предиспозиција и повреди се само дел од причините за оштетување и појавување на проширени капилари. Доколку проширените капилари не се лекуваат состојбата со текот на годините може да се влошува. Употребата на креми и други различни козметички препарати само ги ублажуваат проблемите, но не ги решаваат. Ласерското отстранување на капиларите е единствената метода со која успешно се решава овој проблем. Се работи за нехируршки и безболен третман кој може да се користи дури и кај лица со чувствителна кожа.

Колку третмани се потребни за отстранувањето на капилари да биде успешен?
Вообичаено потребни се неколку третмани кои се прават на секои 4 недели, после кои видливо се забележува освежен и прочистен дел на кожата на делот кој бил третиран.
Цена на третманот
Цена на ласерското отстранување на капилари во Дерма Лукс центрите изнесува од 3.000 до 5.000 денари, но во зависност од површината и евентуалната потреба за повеќе третмани, Ве советуваме да се јавите на телефонскиот број 078223433 и подетално да се информирате за рамката на чинење на третманот.