Што претставува ласерското отстранување на флеки?
Ласерското отстранување на флеки е безбедна и ефикасна неинвазивна метода со која се отстрануваат секаков вид на флеки настанати поради хипо и хиперпигментација – мелазма и најчесто се отстрануваат поради естетски причини по желба на клиентот.

Од што се создаваат флеки на кожата?
Флеките настануваат кога меланинот на кожата не функционира соодветно. Резултат на тоа се регии на кожата кои што се со потемна боја од околината на кожата. Најчеста причина за појавување на флеки е долготрајно изложување на сонце, генетската предиспозиција, како и странични ефекти од користење на лекови. Пигментациите се манифестираат и на лицето и на телото.
Колку третмани се потребни за отстранувањето на флеки да биде успешен?
Вообичаено потребни се 2 до 3 третмани на интервал од 6 до 8 недели. Третманот трае 15 до 30 минути во зависност од обемот на флеката која се третира. Нема несакани ефекти и чувство на болка од третманот.
Цена на третманот
Цена на ласерското отстранување на флеки и бемки во Дерма Лукс центрите изнесува 2.000 денари, а во зависност од површината и евентуалната потреба за повеќе третмани, Ве советуваме да се јавите на телефонскиот број 078223433 и подетално да се информирате за рамката на чинење на третманот.