Една од трите најбарани услуги во Дерматолошките центри на Дерма Лукс во Скопје и Охрид е ласерското отстранување на тетоважи. Во овој пост Ви ги претставуваме основните информации на третманот и методата која се користи во нашите центри.
Што претставува ласерско отстранување на тетоважа?
Ласерското отстранување на тетоважа е безбедна, неинвазивна и многу ефикасна процедура после која не настануваат никакви странични ефекти и оштетувања на кожата. Ласерските зраци се фокусираат на топење и разложување на внесеното мастило преку тетовирањето, после што тоа се исфрла преку метаболизмот. За процедурата да биде комплетна потребно е да изминат два месеци.
Колку третмани се потребни за тетоважата да биде успешно отстранета?
За тетоважи постари од 25 години, потребен е само еден третман, додека за тетоважи од три или помалку години потребни се неколку третмани.
Од што зависи успешноста и брзината на отстранување на тетоважата?
- Дали тетоважата е изработена аматерски?
- Дали пигментот е професионален или е туш?
- Дали пигментот е имплантиран на еднаква длабочина?
- Колку различни бои се користени?
- Колку е стара тетоважата?

Цена на третманот
Цена на ласерското отстранување на тетоважи во Дерма Лукс центрите изнесува 500 денари/см2, но во зависност од големината на тетоважата и евентуалната потреба за повеќе третмани, Ве советуваме да се јавите на телефонскиот број 078223433 и подетално да се информирате за рамката на чинење на третманот.