Што претставува ласерското отстранување на трајна шминка?
Ласерското отстранување на трајна шминка е безбедна и ефикасна неинвазивна метода со која се отстранува нанесената трајна шминка, најчесто поради естетски причини и по желба на клиентот. Трајната шминка во минатите децении доживеа планетарна популарност, па така постојат повеќе видови на трајна шминка, како што се: класична метода, јапонска метода, тетовирање на веѓи и други. Со текот на годините квалитетот, сјајот и бојата на трајната шминка се губи, па затоа многумина се решаваат за комплетно отстранување на трајната шминка. Ласерското отстранување претставува продирање на зраците во пигментот од шминката, без да се оштети кожата, при што пигментот од шминката се разложува и се исфрла преку метаболизмот. Се работи за нехируршки и безболен третман кој може да се користи дури и кај лица со чувствителна кожа.

Колку третмани се потребни за отстранувањето на трајна шминка да биде успешно?
Вообичаено потребен е еден до два третмани, после кои постепено се враќа природниот изглед на тој дел од кожата. После третманот пациентот може веднаш да се врати на секојдневните активности, со препорачана секојдневна нега во текот на една недела.
Цена на третманот
Цена на ласерското отстранување на трајна шминка во Дерма Лукс центрите изнесува 2.000 денари. За подетални информации и консултации Ве советуваме да се јавите на телефонскиот број 078223433 и подетално да се информирате за рамката на чинење на третманот.