Политика на приватност на Дерма Лукс ДООЕЛ Охрид

Политика на приватност

Податоци, собирање и употреба

„Дерма Лукс ДООЕЛ Охрид“ посветува внимание на заштитата на Вашите лични податоци во сите свои деловни процеси, следејќи ги стандардите воспоставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Македонија. Оваа политика на приватност се однесува на начинот на кој „Дерма Лукс ДООЕЛ Охрид“ ги собира и врши обработка на личните податоци. „Дерма Лукс ДООЕЛ Охрид“ ја почитува приватноста на своите корисници и посетители на веб-страницата www.dermalux.mk и се грижи за заштита на личните податоци. „Дерма Лукс ДООЕЛ Охрид“ може да обработува лични податоци за корисниците, а во насока на подобрување на содржините и функционалностите на страницата. Обработката на лични податоци се врши само на оние податоци кои ни се доставени од Ваша страна. Оваа политика за приватност се однесува само на веб-страницата на „dermalux.mk“ и на сите поддомени. Доколку преку веб-страницата на „Дерма Лукс ДООЕЛ Охрид“ е обезбеден линк до други веб-страници Ве информираме дека не преземаме одговорност во однос на заштитата на личните податоци кои ја обезбедуваат тие веб-страници. Ние ќе ги користиме Вашите лични податоци за да се процесираат сите поволности, новитети кои ги нуди „Дерма Лукс ДООЕЛ Охрид“. Ве молиме да имате предвид дека во случај на откривање на личните податоци преку други онлајн форуми, истите може да ги приберат и користат други субјекти и затоа Ве советуваме и Ве предупредуваме да не ги откривате своите лични податоци онлајн на непознати, со цел да се спречи неовластено користење или злоупотреба.

Категории на податоци кои се обработуваат

Податоци за навигација и користење на колачиња

При посетата на нашата интернет страна, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

– Вашата интернет протокол (IP) адреса;
– Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
– Вашиот оперативен систем;
– Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
– Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
– URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на Дерма Лукс ДООЕЛ Охрид;
– Јазикот на пребарувачот кој го користите;
– Локација – Држава и град (се одредува преку IP адресата).
Истите податоци може да ги користиме исклучиво за унапредување на содржините на веб страницата, услугите и за креирање на маркетинг кампањи за презентирање на нашите услуги до крајните потрошувачи.

Пораки доставени преку е-пошта и коментари

Кога ја посетувате нашата веб-страница, оставате коментар во контакт формата или правите нарачка во формата за нарачки, може да побараме да го оставите Вашето име, презиме, телефон, е-пошта и адреса. Собраните информации ги користиме за да одговориме соодветно на Вашите индивидуални потреби и да Ви обезбедиме ефективна услуга и поддршка, како и за да го испратиме производот нарачан од Ваша страна. На сите Ваши пораки или прашања пристигнати по е-пошта ќе Ви одговориме на Вашата електронска адреса. Сите податоци кои што сте ги оставиле: Име и презиме, Адреса, телефонски број, Електронската адреса нема да се користат за ниту една друга цел и нема да ги споделиме со ниту една трета страна за цели надвор од примарната – одговор на Вашето барање или прецизна испорака на нарачаниот производ.

Откривање на податоците

„Дерма Лукс ДООЕЛ Охрид“ го задржува правото на откривање на Вашите лични податоци во случаи кога тоа се бара по закон или е потребно во водењето на некоја судска постапка, за заштита на нашите бизнис интереси и интересите на нашите корисници. Пристапот до Вашите лични податоци во „Дерма Лукс ДООЕЛ Охрид“ е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци, со цел да Ви овозможат да ги добиете бараните услуги. „Дерма Лукс ДООЕЛ Охрид“ ги презема сите потребни технички и организациски мерки за обезбедување на сигурност и тајност на Вашите лични податоци, кои се во согласност со постојните законски прописи од оваа област, со цел да ги заштитиме од неовластен пристап, неовластено откривање, неовластена обработка или злоупотреба.

Новости по е-пошта

Ако се одлучите да добивате информации и новости, Вашата електронска адреса ќе се користи исклучително за да се испратат новостите до Вас лично. Вие можете во секое време да се „отпишете“ (Opt-out), при што во ваков случај Вашата електронска адреса ќе биде трајно отстранета од нашата база на податоци.

Заштита на личните податоци

Информациите кои ги обработуваме, грижливо се зачувани и не ги даваме на трети лица или компании. Ова ги исклучува нашите партнери кои ни помагаат во водењето на страницата и нашиот бизнис. По барање на државните органи и во согласност со законот, можеме да предадеме еден дел или сите собрани информации. Применетата политика за приватност објавена на оваа веб-страница се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија.

Доколку сте одлучиле да добивате информации и новости на Вашата електронска адреса врз основа на писмено барање имате право:

– да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци и/или
– да пристапите до Вашите лични податоци
– да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка.

Ослободување од одговорност

Оваа политика за приватност се однесува само на информациите кои се објавени на нашата веб-страница www.dermalux.mk.

Промени во Политиката за приватност

Го задржуваме правото на промени на Политиката за приватност. Доколку извршиме одредени промени на Политика за заштита на приватноста, истите ќе ги објавиме на оваа веб-страница.