Отстранување на тетоважи

Една од трите најбарани услуги во Дерма Лукс центарот во Скопје е отстранувањето на тетоважи. Во овој пост Ви ги претставуваме основните информации на третманот и методата која се користи во нашите центри.

Што претставува отстранување на тетоважа?

Отстранувањето на тетоважа е безбедна, неинвазивна и многу ефикасна процедура после која не настануваат никакви странични ефекти и оштетувања на кожата. За процедурата да биде комплетна потребно е да изминат два месеци.

Колку третмани се потребни за тетоважата да биде успешно отстранета?

За тетоважи постари од 25 години, потребен е само еден третман, додека за тетоважи од три или помалку години потребни се неколку третмани.

Од што зависи успешноста и брзината на отстранување на тетоважата?

    1. Дали тетоважата е изработена аматерски?

    1. Дали пигментот е професионален или е туш?

    1. Дали пигментот е имплантиран на еднаква длабочина?

    1. Колку различни бои се користени?

    1. Колку е стара тетоважата?

Цена на третманот

Цена на отстранување на тетоважи во Дерма Лукс центрите изнесува 500 денари/см2, но во зависност од големината на тетоважата и евентуалната потреба за повеќе третмани, Ве советуваме да се јавите на телефонскиот број 078223433 и подетално да се информирате за рамката на чинење на третманот.