Канадска технологија – Третман за раст на коса со матични клетки и канадски коктели

Оваа метода за растење на коса е една од трите најбарани услуги во Дерматолошките центри на Дерма Лукс во Скопје и Охрид. Во овој пост Ви ги претставуваме основните информации на третманот и методата која се користи во нашите центри.

Што претставува канадската метода за растење на нова коса со матични клетки?

Третманот со матични клетки од сопственото тело има способност да ја реплицира било која клетка. Дополнително на тоа, матичните клетки само се генерираат и имаат способност да создадат идентични копии на самите себе. Тоа е основа на канадската метода во насока на регенерирање на растот на косата, отстранување на брчки и фејслифтинг.
Со оваа метода нема несакани ефекти бидејќи се работи со природниот материјал т.е. матичните клетки преземени од самиот пациент лично. При користењето на плазмата со матични клетки преземена од пациентот доаѓа до спречување на опаѓањето на косата и поттикнување на раст на нова, здрава и сјајна коса.

Раст на нова коса со канадска метода со матични клетки

Колку третмани се потребни за позитивни резултати?

Резултати во спречувањето на опаѓањето на косата и поттикнување на раст на нова коса има веќе по првиот третман, но секако тоа е во зависност од желбата и визијата на пациентот кој одбира до кое ниво сака да се постигнат резултатите. Така на пример, доколку се користи третманот неколку пати на интервали од 30 дена, резултатите ќе бидат поголеми. Доколку се користи поголема епрувета, исто така резултатот е поголем. Сето тоа се прави во консултација со специјалистот и во зависност од желбата на пациентот.

Цена на третманот

Цената на канадската метода – Растење на коса со матични клетки во Дерма Лукс центрите е во зависност од големината на епруветата која ќе се користи:

– мала епрувета – 5.000 денари
– средна епрувета – 7.000 денари
– голема епрувета – 9.000 денари
– екстра голема епрувета – 12.000 денари

Во зависност од моменталната состојба на Вашата коса, Ве советуваме да се јавите на телефонскиот број 078223433 и подетално да се информирате за рамката на чинење на третманот.