Биоревитализација

Што претставува Биоревитализација на лице?

Биоревитализација на лицето е третман за хирдирање на кожата на лицето и создавање на цврст тонус. Со оваа метода се инјектираат специјални канадски состојки и витамини во кожата, кои придонесуваат за длабока хидратација, враќање на тонусот и еластичноста на кожата која добива вистински сјај. Биоревитализацијата е една од основните методи за подмладување на кожата и воедно една од најбараните услуги за третмани за лицето. Исто така, оваа метода може да се користи и за третирање на кожата на длабоко деколте и вратот.

Биоревитализација на лице

Колку третмани се потребни за позитивни резултати?

Успешни резултати има уште после првиот третман, но за оптимален успех во биоревитализација на третираната кожа се препорачува 3 третмани на интервал од 30 дена по еден.

Biorevitalizacija

Цена на третманот

Цена на Биоревитализација на лице во Дерма Лукс центрите изнесува 4.000 денари, но во зависност од зоните на третирање или евентуалната потреба за повеќе третмани, Ве советуваме да се јавите на телефонскиот број 078223433 и подетално да се информирате за рамката на чинење на третманот.