Што е Фибробластинг?
Фибробластинг е безбедна, неинвазивна и нехируршка метода за подмладување, затегнување и подигнување на кожата по принцип на сублимација. Тоа е природен пат на испарување на вишок кожа со помош на Плазма Пен и ласерски зраци. Со оваа метода најуспешно се решаваат вишокот на кожа, мазнење на очните капаци, отстранување на подочници и брчки. Особено успешни се третманите во радикално намалување и затегнување на очни капаци, опаднат тонус на лицето и растегната кожа во пределот на гради и стомак. Со отстранетиот вишок на кожа се постигнува ефект на подигнување на градите.
Се врши со специјален механизам со фреквенции кои предизвикуваат „микро-повреди“ на површината од делот од кожата кој се третира, при што се предизвикува природен одговор и будење на механизмот на кожата за природно создавање на колаген заради заздравување на тој дел од кожата. На овој начин кожата се затегнува, подмладува и го враќа природниот сјај.
Колку третмани се потребни за успешен резултат?
Резултатите од Фибробластинг методата се успешни по само еден третман и немаат рок на траење бидејќи сублимираната кожа не површината повеќе не постои. Во консултација со дерматологот процедурата може да се повторува на одреден временски интервал.

Цена на третманот
Цена на Фибробластинг третманот во Дерма Лукс центрите изнесува 5.000 денари, но во зависност евентуалната желба на клиентот за повеќе третмани, Ве советуваме да се јавите на телефонскиот број 078223433 и подетално да се информирате за рамката на чинење на третманот.
Фибробластинг е една од најбараните услуги во дерматолошките Дерма Лукс центри во Скопје, Охрид, Тирана и Софија.