Оваа метода за подмладување и затегнување на кожата на лицето е една од најбараните услуги во последните две години во Дерматолошките центри на Дерма Лукс во Скопје и Охрид. Во овој пост Ви ги претставуваме основните информации на третманот и методата која се користи во нашите центри.
Што претставува Фејслифтинг со матични клетки?
Третманот со матични клетки од сопственото тело е 100% природен третман кој има способност да ја реплицира било која клетка. Дополнително на тоа, матичните клетки само се генерираат и имаат способност да создадат идентични копии на самите себе. Тоа е основа на оваа метода во насока на регенерирање, затегнување и подмладување на кожата, отстранување на брчки и фејслифтинг.
Со оваа метода нема несакани ефекти бидејќи се работи со природниот материјал т.е. матичните клетки преземени од самиот пациент лично. При користењето на плазмата со матични клетки преземена од пациентот доаѓа до спречување предвременото стареење на кожата и нејзино затегнување, освежување и подмладување. Во Дерма Лукс не користиме вештачки методи како Ботокс и вештачки филери за лице.
Колку третмани се потребни за позитивни резултати?
Резултати за освежување и подмладување на кожата има веќе по првиот третман, но секако тоа е во зависност од желбата и визијата на пациентот кој одбира до кое ниво сака да се постигнат резултатите. Така на пример, доколку се користи третманот неколку пати на интервали од 30 дена, резултатите ќе бидат поголеми. Доколку се користи поголема епрувета, исто така резултатот е поголем. Во комбинација со матичните клетки, исто така може да се користат и дополнителни природни канадски коктели. Сето тоа се прави во консултација со специјалистот и во зависност од желбата на пациентот.
Цена на третманот
Цената на Фејслифтинг третманот со матични клетки во Дерма Лукс центрите е во зависност од повеќе фактори: идејата на пациентот, состојбата на кожата, површината на кожа која се третира, големината на епруветата која ќе се користи:
– средна епрувета – 7.000 денари
– голема епрувета – 9.000 денари
Во зависност од моменталната состојба на Вашата кожа, Ве советуваме да се јавите на телефонскиот број 078223433 и подетално да се информирате за рамката на чинење на третманот.