Хемиски пилинг

Што претставува третманот Хемиски пилинг?

Хемиски пилинг е препарат кој се нанесува на кожата за подобрување на квалитетот на кожата во текот на подолг временски период. Ефектите од овој третман сеуште се сметаат за стандард во спречување на стареење.
Хемискиот пилинг е медицински третман во кој на кожата се нанесуваат специјални состојки со кои се отстранува оштетениот слој на кожата, со што се овозможува обновување со нов и здрав слој на кожата. Оваа метода може да се употребува на лицето, зона на деколте и вратот.

Хемиски пилинг на лице

Колку третмани се потребни за успешен резултат?

Бројот на третманите зависи од типот на кожата и од степенот на оштетувања на кожата. Многу често пациентите се задоволни со само еден третман, но исто така не ретко се случува да има потреба од 3 до 6 третмани кои можат да се повторуваат на одреден временски интервал во консултација со дерматолог.

Цена на третманот

Цена на хемиски пилинг во Дерма Лукс центрите изнесува 1.500 денари, но во зависност од Вашата идеа и евентуалната потреба за повеќе третмани, Ве советуваме да се јавите на телефонскиот број 078223433 и подетално да се информирате за рамката на чинење на третманот.