Мезотерапија за коса со канадски препарати

Што претставува Мезотерапијата за коса?

Мезотерапијата за коса претставува безбеден, неинвазивен метод за поттикнување на растот на косата. Тоа е исто така и еден од најуспешните методи за спречување на опаѓање на коса. Во Дерма Лукс центрите се користат специјални канадски нутритивни коктели кои се инјектираат во средниот слој од кожата на главата, при што се стимулираат и циркулираат здравите фоликули за раст на коса.

Мезотерапија за коса со канадски препарати

Колку третмани се потребни за позитивни резултати?

Резултати во спречувањето на опаѓањето на косата и поттикнување на раст на нова коса има веќе по првиот третман, но секако тоа е во зависност од желбата и визијата на пациентот кој одбира до кое ниво сака да се постигнат резултатите. Така на пример, доколку се користи третманот неколку пати на интервали од 30 дена, резултатите ќе бидат поголеми. Доколку се користи поголема количина од препаратите, исто така резултатот е поголем. Сето тоа се прави во консултација со специјалистот и во зависност од желбата на пациентот.

Цена на третманот

Цена на Мезотерапијата за коса со канадски препарати во Дерма Лукс центрите изнесува:

– 1 ml – 3.000 денари
– 2 ml – 5.000 денари
– 3 ml – 7.000 денари

Во зависност од моменталната ситуација со Вашата коса или евентуалната потреба за повеќе третмани, Ве советуваме да се јавите на телефонскиот број 078223433 и подетално да се информирате за рамката на чинење на третманот.