Што претставува ласерското трајно отстранување на влакна?
Ласерското отстранување на влакна или трајна епилација е безбедна, неинвазивна медицинска метода во дерматологијата, во која со пулсирачкиот зрак од ласерот се отстрануваат несаканите влакна во одредена регија од телото. Исто така енергијата од ласерот овозможува и спречување на повторно растење на влакната бидејќи продира во фоликулата на влакното. Најчесто се користи од естетски причини, но исто така е одличен третман и за повисоко ниво на хигиена на кожата. Се работи за најефикасна метода за трајно отстранување на влакна.

Колку третмани се потребни за успешно трајно отстранување на влакна?
Потребни се најмалку шест (6) третмани за успешно трајно отстранување на влакната, но во зависност од типот на кожата и густината на влакната, најдобро е тоа да биде во консултација и координација со ласерскиот специјалист за отстранување на влакната.
Најчести третмани за трајно отстранување на влакна:
- Ласерско отстранување на влакна од надусници / брада
- Ласерско отстранување на влакна од бикини / длабоки препони
- Ласерско отстранување на влакна од нозе – половина или комплет
- Ласерско отстранување на влакна од пазуви
Цена на третманот
Цената на ласерското отстранување на влакна – трајна епилација во Дерма Лукс центрите се движи од 1.200 денари до 10.000 денари во зависност од регијата која се третира:
– од надусници/брада – 1.200 денари
– од бикини/длабоки препони – 8.000 денари
– од машки гради/грб – 9.000 денари
– од нозе комплет – 10.000 денари
– од нозе 1/2 – 8.000 денари
– од пазуви – 3.000 денари
Ве советуваме да се јавите на телефонскиот број 078223433 и подетално да се информирате за деталите и цената на третманот.