Мезотерапија на лице

Број 1 најбарана услуга од третманите за лице и една од трите најбарани услуги во Дерматолошките центри на Дерма Лукс во Скопје и Охрид е Мезотерапијата на лице. Во овој пост Ви ги претставуваме основните информации на третманот и методата која се користи во нашите центри.

Што претставува Мезотерапија?

Мезотерапијата е микро инвазивен третман за подмладување и регенерација на кожата. Со оваа метода се постигнува отстранување на брчки, подмладување и затегнување на кожа. Со мезотерапијата во горниот слој од кожата се внесува плазма збогатена со тромбоцити од сопствената крв или канадски мезококтели во кои се содржат минерали, витамини и антиоксиданси кои ги поттикнуваат клетките да создадат колаген. Со овој третман кожата природно се затегнува, подмладува и се отстрануваат брчките.

Мезотерапија на лице, врат и деколте

Бенефити од Мезотерапијата

Со Мезотерапија се третираат: мали и средни брчки, лузни од акни, стрии на телото, лузни од хируршки зафати, опаѓање на косата и други.

Колку третмани се потребни за позитивни резултати?

Ефектите од Мезотерапијата се видливи веднаш, поточно успешни резултати има уште после првиот третман. Во консултација со специјалистот за Мезотерапија, третманите може да се повторуваат на одреден временски интервал.

Цена на третманот

Цена на Мезотерапија на лице во Дерма Лукс центрите изнесува 3.000 денари, но во зависност од зоните на третирање или евентуалната потреба за повеќе третмани, Ве советуваме да се јавите на телефонскиот број 078223433 и подетално да се информирате за рамката на чинење на третманот.